Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за натпреварот против Црна Гора

Објавено на 05 Ноември, 2014 во До 21 год


Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21. година, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за контролниот натпревар против Црна Гора кој се игра на 16. ноември во 13.00 часот на централниот терен во комплексот „Куќа на фудбалот“.Подготовките за пријателскиот дуел против младата селекција на Црна Гора, составот на Милевски ќе ги одработува во Охрид, првиот собир македонската репрезентација ќе го има на 10. ноември.

Голмани: Шишковски Дамјан (Работнички), Алексовски Игор (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана:  Зајков Ѓоко (Рен, Франција), Велковски Дарко (Работнички),  Ристовски Филип (Металург), Демири Бесир (Шкупи), Тимовски Ангелче (Силекс), Најдовски Леон (Макеоднија Ѓ.П.), Талевски Виктор (Брегалница), Кацкаровски Кристијан (Росенгард , Шведска);

Среден ред:  Барди Енис (Ујпешт , Унгарија), Николов Бобан (Виторул Констанца, Романија), Денковски Христијан (Гронинген, Холандија), Аврамовски Даниел (Црвена Звезда, Србија), Мустафов Бурхан (Пелистер, Битола), Иванов Христијан (Хоризонт Турново);

Напад: Нафиу Валмир (Хамбург, Германија), Пивковски Филип (Новара, Италија), Ангелов Виктор (Металург, Скопје), Радески Марјан (Металург , Скопје),  Асани Јасир (Вардар, Скопје), Имери Демир (Шкендија , Тетово);

- Селектираните фудбалери во репрезентацијата до 21. година ќе имаат можност да покажат дека во моментот се во најдобра форма. Одбравме играчи кои имаат континуитет во младата репрезентација, тројца се нови Иванов, Денковски и Кацкаровски, се надеваме дека со залагањето на тренинзите и играта која ќе ја прикажат сериозно ќе се наметнат во составот. После повредата во тимот се враќа Даниел Аврамовски, а со нас ќе биде и Давид Бабунски. Разговаравме со Бабунски и во зависност од тоа дали ќе настапи или колку минути ќе одигра за А репрезентацијата против Словачка, ќе одлучиме до кој степен може да го користиме, тој е подготвен и изрази желба да биде во нашиот состав. Црна Гора е многу квалитетна репрезентација, можеби и на повисоко ниво во однос на Романија, ќе биде тежок натпревар, но наша заложба да се надигруваме против секој тим. Се надевам дека сите ќе ги одработиме подготовките на високо ниво, атмосферата сами ја создаваме, а таа ќе биде позитивна само ако заеднички ја заслужиме меѓусебната почит и се придружуваме до работните задачи. Ќе повторам дека односот кон репрезентативниот дрес мора да биде на биде на високо ниво, да имаме играчка определба како на натпреварот против Романија, да се надополнуваме и да се обидеме да победиме, изјави Благоја Милевски. 




   
   
А репрезентација