Ангеловски: Не очекува голема борба, но верувам во тимот

Објавено на 04 Септември, 2019 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски на официјалната прес - конференција спроти утрешниот натпревар против Израел најави дека нашиот тим е најважен и на секој начин ќе се обидеме да постигнеме позитивен резултат во Бер Шева и покрај одредени проблеми со кои се соочува во однос на составот. 

- Добро се познаваме со Израел, знаеме дека и во минатите квалификации бевме во иста група. Имавме доволно време да го анализираме противникот, но знаете дека за мене најважни се моите фудбалери. Ќе се обидеме ние да бидеме тие кои се прашуваат на теренот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за поволен резултат. Ситуацијата со подготвеноста на фудбалерите ќе го одреди почетниот состав. Капитенот Пандев поради хематом на слабината е неизвесен за настап, а ја следиме состојбата и со Адеми кој денеска ќе тренира со екипата, а потоа ќе видиме дали ќе може да настапи, изјави селекторот Ангеловски. 

Младиот голман во македонскиот тим, Дејан Илиев, исто така се надева на позитивен резултат од утрешната пресметка. 

- Дојдовме да се бориме и сигурно нема да се предадеме. Напротив, ќе се обидеме да дадеме максимум од нашите можности да ја израдуваме нашата јавност. Јасно е дека не очекува тежок дуел, но убеден сум дека можеме да се носиме со предизвикот, рече Илиев. 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација