Ангеловски и Пандев: Со победа против Израел да ги затвориме овие квалификации

Објавено на 18 Ноември, 2019 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски и капитенот на Македонија, Горан Пандев на прес - конференција ги истакнаа своите очекувања од утрешниот дуел во квалификациите за ЕУРО 2000. против Израел на Националната арена „Тодор Проески“.

„Одлично се познаваме со Израел, игравме и во минатите квалификации. Секој меч е посебен, но јасно е дека нивни главни адути се напаѓачите, пред сè Захави и Дабур. Нападот им е доста опасен, но како тим имаат и свои слабости, кои ние ќе се обидеме да ги искористиме. Кога игра репрезентацијата сакаме поддршка, на последните натпревари имавме полни трибини, а фудбалерите вратија на најдобар начин. Подготвени сме и мотивирани повторно да ги израдуваме повторно нашите навивачи. За нас не постои притисок за да го освоиме третото место, туку ние на таа шанса гледаме како мотив. Овие фудбалери за сето тоа што го покажаа во овие квалификации заслужија да завршат како трети. Ние одиме на победа, а колку ќе биде доволно ќе видиме, изјави селекторот Игор Ангеловски. 

„Ова е последниот наш меч во овие квалификации и сакаме со победа да ги завршиме квалификациите и да се пласираме таму каде што никогаш досега не сме биле. Сакаме да бидеме трети. Игравме во овие квалификации во една неатрактивна, но тешка група и само против Австрија потфрливме, додека на останатите мечеви одигравме добро. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси. Не успеавме да стигнеме до тоа второ место за директен пласман на Евро 2020, па сега третото место би било добар резултат за нас во овие квалификации. Подготвен сум за дуелот со Израел, а дали ќе настапам зависи од селекторот, изјави капитенот Горан Пандев.

Последниот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020. македонската репрезентација го игра утре од 20:45 часот на Националната арена. 




   
   
А репрезентација