Алиоски израмни на 1:1, прекин поради невреме, доигрување и несреќен пораз

Објавено на 06 Септември, 2016 во Вести


Македонската А репрезентација загуби од Албанија со 2:1 во натпреварот од првото коло од квалификациите за СП 2018 во Русија.

Слабата игра во одбрана ни донесе пораз во продолжението против Албанија, а Беким Балај не фрли во очај со гол за Албанија во 89. минута.Напаѓачот на Терек Грозни искористи грешка во одбраната на македонската репрезентација и со удар со глава од близина и донесе победа на Албанија од 2-1.

Репрезентативците на Албанија и на Македонија ги доиграа преостанатите петнаесетина минути од прекинатиот меч во понеделникот, при резултат 1:1.

Поради опасно невреме што го зафати Скадар, турскиот судија Хусеин Гочек беше принуден предвреме да свири крај во 76. минута.

Лошо започна мечот за македонската селекција, кпримивме гол  од првата шанса на противникот. Албанија поведе со 1:0 со голот на Армандо Садику. Албанецот прими топка на гради, убаво се намести и со десната нога по земја го матираше Дино Захов.

Во 20. минута Ферхан Хасани падна во казнениот простор, но турскиот судија Гочек не ја прекина играта.

До полувремето се обиде Пандев и Хасани од слободен удар, но не беа прецизни.

Сепак на почетокот од второто полувреме по грешка на албанската одбрана, Алиоски доби подарок и направи „слалом“ во албанската одбрана и го совлада Бериша за 1:1.

Беким балај беше херојот на домаќините, откако во 89 минута по еден центаршут, го матираше Захов. Македонија не се предаде и веднаш имаше шанса за да израмни. По една добра акција, Ибраими шутираше, голманот одбрани, а одбиената топка се одби до Шиков. Дефанзивецот на Македонија беше фаулира во петерецот, но судијата од Турција не досуди чист пенал.



   
   
Актуелности
Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација