Александар Трајковски: Подобри сме од Азербејџан, да го потврдиме тоа и на терен

Објавено на 25 Март, 2018 во Вести, Вести


Најдобрата репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за натпреварот со Азербејџан на 27. март на “Мардан” арена во Белек. По ремито без голови против Финска, селекцијата на Игор Ангеловски се надева на многу поефикасен натпревар против Азербејџан. Офанзивниот фудбалер на Палермо, Александар Трајковски вели дека сме поквалитетни од противникот, но тоа мораме да го потврдиме и на терен. 

“Веќе шест дена сме тука во Турција и сме презадоволни од условите за работа. Максимално се подготвуваме и за натпреварот со Азербејџан. Против Финска одигравме цврст и неизвесен натпревар во кој нашиот противник беше одлично поставен на теренот и многу дисциплиниран. Имавме шанси, но не ги искористивме за победа. Се надевам дека задутре ќе одиграме подобро и ќе постигнеме поволен резултат. Можеме да се надигруваме со нив и се гледа дека сме поквалитетен тим, а тоа сакаме да го покажеме и на терен“, изјави Александар Трајковски. 



   
   
А репрезентација