Академија Пандев е победник на купот на Македонија во конкуренција на пионери

Објавено на 21 Мај, 2014 во Вести

ФК Академија Пандев е победник на пионерскиот куп на Македонија. Струмичани во „комшиското финале“ беа подобри од ФК Кожув (Миравци) со 2:0 (2-0) и сосема заслужено стигнаа до пехарот наменет за победникот на купот.

Дополнителен мотив за нив беше присутвото на нивниот фудбалски идол Горан Пандев, што само дополнително ја зголеми нивната самодоверба.

По 28 минути тимот на Паче Стојанов со головите на Валентин Кочовски (17 минута) и Кире Атнасов (28 минута) обезбеди убава предност од два гола и истата знаеше да ја сочува до крајот на средбата. Во продолжението на натреварот екипата на Кожув се обидуваше да ја анулира високата предност на противникот, но без конкретни шанси и обиди за постигнување на гол. Пехарот на совојувачот на купот му го предаде членот на управниот одбор на Фудбалската Федрација на Македонија, Дејан Димовски.

Стојанов Панче (Шеф на стручниот штаб на Академија Пандев): Среќни сме за освениот пехар. Постигнавме два гола кога беше најпотребно. Потоа знаевме како да ја задржиме предноста до крајот на средбата. Во ниеден момент не му дозволивме на противникот да се надева дека ќе се врати во средбата. Бевме подбри и наполно заслужено славевме на оваа средба.

Васе Беќиров (Шеф на стручен штаб на ФК Кожув-Миравци): Честитки за противникот. Наполно заслужена победа. Примивме два гола, по што не можевме да се вративме во средбата. Самиот пласман во финалето е убав успех за мојте фудбалери.

Академија Пандев: Попчалев Бранислав, Секулов Паскал, Каламдановски Столе, Јовев Ѓорѓи, Милионов Александар, Манчев Дончо, Курт Реџеп, Темелков Ристе, Радониќ Даниел, Кочовски Валентин, Атанасов Кире. Резерви: Ѓорѓев Бранко, Партиков Јани, Иванов Ѓорѓе, Тренчев Павле, Петков Игор, Хани Агон и Филиповси Марио.

Кожув  (Миравци) : Стојанов Мартин, Тодоровски Тодор, Караколев Мартин, Костадинов Никола, Попов Мартин, Шавкуловски Мартин, Величковски Иван, Колевски Кристија, Лазаровски Даниел, Зејринов Игор, Јовановски Антонио. Резерви:Картов Борис, Чакаров Хриситијан, Петров трајче, Чамџиќ Никола, Петковски Андреј, Јованов Петар и Наумоски Марио.




   
   
А репрезентација