А репрезентацијата од утре во комплетен состав. Дејан Илиев: Оптимисти сме, обврска е да го дадеме најдоброто

Објавено на 28 Мај, 2024 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација го оддржа денешниот утрински тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ како подготовка за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове). 

Репрезентацијата утре ќе биде во речиси комплетен состав со приклучувањето на Милан Ристовски, Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Александар Трајковски и Јани Атанасов. 

Бојан Димоски со својот клуб Акрон Тољати на 1. јуни игра плеј-оф натпревар за влез во Првата руска лига и ќе им се приклучи на репрезентативните колеги на собирот во Хрватска. 

Нашиот репрезентативен голман, Дејан Илиев вели дека сме оптимисти во пресрет на натпреварот против Хрватска. 

- Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните кои ги одигравме. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвуваат за настап на Европското првенство, но наша обврска е да го дадеме најдоброто од себе и да веруваме во позитивен резултат. Треба да бидеме претпазливи, грешки на вакви натпревари можат многу да не чинат




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација