А репрезентацијата на 68. место на листата на ФИФА, најдобар пласман од 2010 година

Објавено на 04 Април, 2019 во Вести, Вести


Најдобрата македонска репрезентација бележи нов скок на листата на најдобри светски репрезентации на ФИФА и сега сме рангирани на 68. место. Оваа позиција е најдобрата за македонската селекција од 2010. година. По триумфот над Летонија и ремито со Словенија, нашите најдобри фудбалери успеаја да скокнат за три позиции во однос рангирањето од минатиот месец. 68-ма позиција ја делиме со селекцијата на Гвинеја, а пред нас се Обединети Арапски Емирати, Брегот на слоновата коска, Мали и Боливија.

Најголемиот напредок на новата листа го направи Израел кој скокна осум позиции и е на 84. место, додека најголемиот пад го има Австрија, која падна 11 позиции и се наоѓа на 34 место на ФИФА-листата.

Од нашата квалификациска група подобри се Полска (20), Австрија (34) и Словенија (63), а под нас се Израел (84) и Летонија (134).

Во топ 10 се Белгија, Франција, Бразил, Англија, Хрватска, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација