A репрезентација: Словенија – Македонија на 23. март во Копер

Објавено на 11 Декември, 2015 во Вести, Вести


А“ репрезентацијата на Македонија на 23. март 2016. година во Копер ќе одигра контролен натпревар против најдобрата селекција на Словенија. Репрезентација предводена од поранешниот селектор на нашиот национален тим, Сречко Катанец е рангирана на 61 место на ФИФА листата.  Во групата „Е“ од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година, Словенија заврши на третото место и се пласираше во бараж за пласман на контененталниот шампионат. Украина беше подобра во двомечот од словенечката репрезентација. Македонија и Словенија досега имаат одиграно три пријателски натпревари. Првиот официјален натпревар за репрезентацијата на Македонија на 13. октомври 1993 во Крањ го добивме со 4:1, на 23. март 1994. година во Скопје славевме со 2:0, а на 4. ноември 2012. година победивме со 3:2. Дарко Тасевски, Адис Јаховиќ и Агим Ибраими беа стрелци на головите на последниот меч.



   
   
Актуелности

01.06.2024    Вести

Осуда на инцидентот во Детска лига. Понатамошните натпревари без публика

Тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секо...

31.05.2024    Вести

Македонија (жени) одигра нерешено 1:1 против Молдавија во натпревар од квалификациите за ЕП

Женската репрезентација на Македонија одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Молдавија во рамките на третото коло од ...

Календар
А репрезентација