А репрезентација: Билетите за квалификациите за ЕУРО 2020 од 150 денари

Објавено на 01 Март, 2019 во Билети, Вести


Во месец март „А“ репрезентацијата на Македонија ги започнува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020. година. Нашиот најдобар национален тим е во група со Полска, Австрија, Словенија, Израел и Летонија.

Македонија ги отвора квалификациите на 21. март 2019. година со домашна пресметка против Летонија на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје (20:45 часот), а три дена подоцна гостуваме на „Стожице“ во Љубљана против Словенија.

Верните навивачи на Македонија ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија - Летонија преку продажната мрежа на MKTickets.

Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Филип Втори“.

Цената на влезниците изнесува од 150 денари.

МАКЕДОНИЈА - ЛЕТОНИЈА

Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 21. март 2019., 20:45 часот



   
   
А репрезентација