А национаналниот тим ги започна подготовките за Лихтенштајн

Објавено на 20 Март, 2017 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација денеска ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн на 24. Март на гостински терен во Вадуц.

Селекторот Игор Ангеловски го одржа првиот тренинг во пресрет на важниот двобој во кој Македонија влегува како фаворит.

-Никогаш и никаде нема да бараме алиби иако и пред почетокот на подготовките се соочуваме со проблеми поради повредите на Хасани и Бејтулаи. Сметам дека имаме доволно добри фудбалери кои ќе одговорат на задачата и на обврските кој ќе им бидат зададени, вели Ангеловски.

-Пристапот ќе биде ист како и на сите други пресметки, но ќе менуваме формациски. Имаме добри играчи за да дојдеме до победа. Тоа што долго време немаме победа на гости во квалификациите создава одреден притисок  но се надевам дека тоа ќе биде плус повеќе за да срушиме таа традиција, додаде Ангеловски.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација