А футсал репрезентацијата на турнир во Полска

Објавено на 31 Декември, 2014 во Футсал


Најдобрата македонска футсал репрезентација ќе биде дел од силниот турнир во Полска од 2. до 8. јануари 2015 година. На турнирот во полскиот град Тихи ќе учествуваат домашната репрезентација и селекциите на Молдавија и Естонија. Наташа селекција воведниот натпревар од турнирот го игра против Молдавија на 4. јануари вo 16.30 часот. Селекторот на македонската репрезентација за настапот во Полска ги повика следните 13 играчи:

ГОЛМАНИ: Илчо Удовалиев (КМФ Железарец), Мирослав Тодоровски (КМФ Скопје), Антонио Петровски (КМФ Скопје); ОДБРАНА: Зоран Левески (КМФ Железарец), Ферид Агуши (КМФ Железарец), Иван Крстевски (КМФ Железарец), Џо Арсовски (КМФ Железарец); НАПАД: Александар Глигоров (КМФ Железарец), Игор Леовски (КМФ Скопје), Оливер Јовановски (КМФ Железарец), Дарко Ранготов (КМФ Сквер – Хрватска), Мартин Тодоровски (КМФ Железарец), Адријан Мицевски (КМФ Железарец);

-Претстојниот турнир во Полска претставува вистински тест и една од последните контроли спроти квалификациите за Европското првенство кои ќе се одржат во нашата земја за неполни три месеци. Мал хендикеп е тоа што кај нас е пауза по завршувањето на есенскиот дел, но сепак не бегаме од прддизвикот да се соочиме со селекциите на Молдавија, Естонија и домашната репрезентација. Сите овие селекции имаат големи амбиции пред претстојните квалификации, па затоа и турнирот добива уште поголема тежина и постигнувањето на позитивни резултати ќе биде голем поен плус за нас пред мартовските соочувања. Ние продолжуваме со зацртаната цел, а тоа е да одиграме што е можно поголем број контролни натпревари за да ја подигнеме формата на оптимално ниво. После серијата позитивни резултати во изминатиот период, не бегаме од улогата на фаворит заедно со домашната селекција. Ќе настапиме со проверени играчи, единствено отсуствува Трајков, повеќе немаме време за експериментирање, па мислам дека полека се кристализира составот за квалификациите. Добро е што немаме повредени играчи, освен отсуството на Петровиќ кој е повреден подолго време. Се надевам на добар настап и позитивни вести од Тихи, изјави селекторот на репрезентацијата Васко Скендеровски. 




   
   
А репрезентација