А Футсал: Македонија – Црна Гора 5-2

Објавено на 03 Декември, 2014 во Вести, Футсал

Македонската А футсал репрезентација убедливо со 5-2 ја совлада Црна Гора на првиот од двата контролни натпревари во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Со два гола за неполна минута во средината на првиот дел, селекцијата на Васко Скендеровски го најави триумфот над црногорците. Дарко Ранготов и Александар Глигоров беа стрелци на првите два погодоци за Македонија, до полувреме веќе беше 4-0 откако Ранготов комплетираше хет-трик. Формалност беше продолжението, петтиот гол за нашата селекција го постигна Адријан Мицевски, а за Црна Гора погодоци постигнаа Марко Бајчетиќ и Милован Драшковиќ. Двете репрезентации денеска ќе одиграат нов контролен натпревар, во 14.00 часот во малата сала од спортскиот центар „Јане Санданси“. Македонската селекција се подготвува за квалификациите за Eвропското првенство, кои во март ќе се одиграат во Скопје. Во група со македонската репрезентација се  Шпанија, Унгарија и најдобрата второпласирана селекција од прелиминарната рунда.




   
   
А репрезентација