A футсал: Македонија - Франција 1:2

Објавено на 30 Август, 2016 во Вести


Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од силната Франција со 2:1 на првиот пријателски натпревар огигран во ВИП арената во Скопје.

Во првиот дел гостинските играчи први се заканија кон нашиот гол, но силните удари на на Аздин и Абдесамад не завршија во мрежата на Петровски. Првиот удар одлично го одбрани голманот на КМФ Велес, додека во вториот обид пречката беше наш сојузник. Агресивната игра на гистинската селекција вроди со плод во 13. минута кога Кевин го проигра Адриен, а Абдесамад реализираше за водство на французите.

Во второто полувреме избраниците на селекторот Иван Божовиќ заиграа далеку поагресивно. Брзите додавања му овозможија на Драган Петровиќ да го постигне голот во 22. минута за израмнување на 1:1. До крајот од натпреварот, Тодоровски и Агуши одлично одиграа акција по која создадовме шанса, но недостасуваше реализација. Гостинската репрезентација ја казни нашата грешка во одбраната во последната минута кога Аздин погоди на 36. секунди пред крајот нза конечни 2:1.

Во рамки на подготовките за квалификациите за Европското првенство во футсал кои ќе се одиграат во јануари, избраниците на селекторот Иван Божовиќ ќе одиграат уште еден натпревар против Франција, на 31. август во Велес.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација