Репрезентација до 15 години: Македонија поразена од Турција на вториот контролен натпревар

Објавено на 17 Март, 2016 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија до 15 години загуби со 3:0 од селекцијата на Турција до 15 години на вториот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Нашата селекција славеше со 2:1 на воведниот дуел со младите турски фудбалери.

Противникот подобро го отвори мечот и во првите 10. минути преку Јасер, капитенот Јавуз и Абдулкадир пропуштија неколку добри можности за постигнување гол. Нашите фудбалери посериозно се заканија во 18. минута преку Елези од слободен удар. Најдобрата прилика младата репрезентација на Македонија ја имаше во 26. минута, грешката на турскиот голман не успеа да ја искористи и шансата да ја претвори во гол Бафтијар.

Во продолжението од средбата, селекцијата на Турција во периодот од 42. до 50. минута постигна два гола за предност од 2:0. Стрелци на погодоците беа Ортак Озгур и Озган Огузан. Конечниот резултат од 3:0 го постави Улу Бора во 69. минута. Добра прилика за намалување на предноста не искористи Никола Секулов во последната минута од дуелот.

Предводникот на младата репрезентација на Македонија, Дашмир Беари е задоволен играта на неговите избраници, особено од првиот натпревар.

Генерално сум задоволен од прикажаната игра на моите фудбалери, особено во првиот меч каде забележавме победа од 2:1. Во вториот натпревар паднавме на физички план и не можевме да се носиме со одлично подготвените фудбалери на Турција. Ова е наш втор собир, по контролните пресметки со Црна Гора и се надевам дека во иднина овие фудбалери ќе напредуваат и ќе созреат.”, вели Дашмир Беари.

РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ДО 15 ГОДИНИ: МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА 0:3 (0:0)

Пријателски натпревар, тренинг центар „Петар Милошевски”

Стрелци:1:0– Ортак Озгур 42`; 2:0 – Озган Огузан 50`; 3:0 – Улу Бора 69’

Македонија: Матеј Андов, Божидар Митревски, Мишко Арсовски, Баки Исмаили (Давид Стојков), Борис Јакимовски, Амар Колашинац (Лука Здравковски), Бесир Бафтијар (Едис Спахиу), Давид Тошевски (Виктор Петковски), Агон Елези, Сујхеб Мухарем (Алили Селам), Емил Скоко (Никола Секулов); Селектор: Дашмир Беари

Турција:Тепе Мухамед,  Лус Сулејман, Ортак Озгур, Јуце Јасер, Кол Јавуз Али (Екинци Батухан), Гулу Фират, Бакан Серкан, Капи Мустафа (Акгун Огузан), Улу Бора, Гурел Аталај, Челик Абдулкадир (Гумускаја Мухамед); Селектор: Устаумер Шенол




   
   
А репрезентација