
Фудбалската репрезентација на Македонија се формира по осамостојувањето на Р.Македонија и ФСМ. Првиот официјален натпревар го одигравме во Крањ на 13.Октомври 1993 со Словенија и заврши со победа на нашата репрезентација со 1-4. Прв стрелец е Зоран Бошковски Чоко а ја предводеше селекторот Андон Дончевски.
Прв селектор е Ѓоко Хаџиевски под чие водство Македонија не одигра официјален натпревар. Единствено ревијални средби со селекции на новинари.
Селектори на Македонската фудбалска репрезентација на Македонија:
-
АНДОН ДОНЧЕВСКИ (јули 93-декември 95)
-
ЃОКО ХАЏИЕВСКИ (февруари 96- август 99)
-
ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ (септември 99-мај 2001)
-
ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ (мај 2001- февруари 2002)
-
НИКОЛА ИЛИЕВСКИ ЏИЏИ (февруари 2002 - август 2003)
-
ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ (август 2003 - март 2005)
-
СЛОБОДАН САНТРАЧ (март 2005 - август 2005)
-
БОБАН БАБУНСКИ (в.д. селектор) (август 2005 - декември 2005)
-
СРЕЧКО КАТАНЕЦ (декември 2005 - мај 2009)
- Мирсад Јонуз

Роден во с. Милино, Свети Николе. на 9.04.1962 г.
Како фудбалер настапувал во Брегалница (Ш), Борец, Тетекс, Победа, Рад(Б), Левадијакос, Сутјеска, Вардар, Љуботен, Работнички Кометал.
Тренерската кариера ја започнува во Работнички К. кој го внесува во Првата МФЛ. Тука работи од 1996-2000 г. Потоа ја тренира ФК Победа од 2002-2003 г. со која го освојува националниот куп. Во 2003 г. повторно се враќа во Работнички Кометал.
Од месец август 2003 г. е избран за селектор на младата репрезентација на Македонија. Како селектор на младата репрезентација на Македонија дебитира на средбата Македонија- Албанија 1-0 одиграна во Охрид на 18. Август 2003 г.
Мирсад Јонуз на функцијата селектор на националниот тим е избран на 16 мај 2009 г.
Статистика
КВАЛИФИКАЦИИ
Одиграни натпревари: 79
Победи: 17
Нерешени: 20
Порази: 42
Постигнати голови: 94
Примени голови: 130
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ
Одиграни: 72
Победи: 27
Нерешени: 21
Порази: 24
Постигнати голови: 90
Примени голови: 82
Најдобар стрелец : Горан Пандев :23
Најмногу натпревари: Гоце Седлоски: 100