Macedonian English French German Italian Russian Spanish

licenciranje_2_vnatreBenchmarking_report_2008_ENG_06_01_2010-12_copy

prva_i_vtora_mfl_copy

Ве известуваме дека Тренерската организација на Македонија и Центарот за Едукација при Фудбалската федерација на Македонија ќе извршат годишно лиценцирање за сезона 2010/11

Повеќе...

Одделение за лиценцирање

licenciranje

Одделението за лиценцирање при ФФМ по разгледувањето на документацијата и жалбите на клубовите кои не го испочитуваа дадениот рок констатира дека

Повеќе...

Одделение за лиценцирање

metalutg_g

ФК Металург – Скопје во предвидениот рок го достави потребниот доказ – Уверение за платени даноци и придонеси издадено од Управата за Јавни приходи бр.22-32-2/11352/2 од 05.05.2010,

Повеќе...

Одделение за лиценцирање

licenciranje_maj_2010_copy2

Комисијата за лиценцирање при Фудбалската Федерација на Македонија во полн состав на ден Понеделник 03.05.2010 година во 13:00 часот, согласно роковите пропишани во Правилникот за лиценцирање на фудбалските клубови

Повеќе...

Одделение за лиценцирање

bencreport

УЕФА го објави бенчмаркинг извештајот за изминатата година кој је обезбедува информацијата со цел да се прикаже интеракцијата

помеѓу домашните и межународните крајни корисници (клубови, лиги, играчи, медиуми, навивачи, влади и општински власти, УЕФА итн.)

Целта е да се :

- демонстрира транспарентност во Европското клубското лиценцирање и ја охрабри транспарентноста во поширокиот свет во фудбалот;

- да го истакне позитивниот придонес на клубскиот лиценцен систем понатаму од неговата општа примена;

- да им помогне на националните тала да ги разберат разликите и сличностите кои постојат помеѓу членките асоцијации и нивниот клубски фудбал;

- Да им дозволи на раководните тела и лиги да ги сместат финансиските и структуралните развојни процеси во контекст на општите фудбалски трендови, особено во оние земји со слични профили;

- Да им обезбеди информации во споредбените категории кои ќе им помогнат во областите каде ќе ги идентификуваат своите слабости и нивното лошо работење.

Одделение за лиценцирање

licenciranje3

Сертификационото тело СГС од Швајцарија, ангажирано од страна на УЕФА , на ден 27.08.2009 година го изврши вториот Surveillance Audit на Одделението за лиценцирање

Повеќе...

Одделение за лиценцирање

licenciranjeВо организација на Одделението за лиценцирање при ФФМ на ден 19.06.2009 година се одржа состанок со Генералните секретари на клубовите од Прва МФЛ на тема: Воведување на лиценцниот систем во домашното првенство.

Со оглед на тоа дека во натпреварувачката сезона 2010/2011 ќе биде задолжително лиценцирање на клубовите, овој состанок беше со цел да им се укаже на клубовите на сериозноста на обврските согласно Правилникот за лиценцирање.

Од клубовите беше побарано да дадат свој придонес т.е нивни коментари и забелешки за да може успешно да се имплементира лиценцниот систем во домашното првенство.Во понатамошниот период ќе следат уште состаноци како и подготвителни семинари со одговорните лица од клубовите во врска со лиценцирањето како за домашното така и за меѓународните натпреварувања.

Центарот за едукација на тренери при ФФМ исто така имаше свое учество каде со учесниците расправаше за спортскиот критериум – тренер на сениорска екипа односно за потребните квалификации и професионалниот договор со клубот согласно Правилникот за издавање лиценци/дозволи за работа во Прва МФЛ.

Одделение за лиценцирање

milano_gОдлуки на Комисијата за жалби за лиценцирање

Комисијата за жалби за лиценцирање согласно член 12 од Правилникот за лиценцирање верзија 2.0 ги разгледуваше жалбите и дополнително доставената документација доставена во рокот утврден за жалба од клубовите:
ФК Вардар - Скопје;
ФК Милано - Куманово;
ФК Металург - Скопје

И ги донесе следните одлуки:

Жалбите на ФК Вардар-Скопје и ФК Металург - Скопје не се прифаќаат и не им се издаваат лиценци за учество во натпреварувањата организирани од страна на УЕФА за сезона 2009/2010.

Жалбата на ФК Милано - Куманово се прифаќа и мму се доделува лиценца за учество во натпреварувањата организирани од страна на УЕФА за сезона 2009/2010

Одлуките на Комисијата за жалби за лиценцирање се конечни.

ФФМ и УЕФА согласно Правилникот за лиценцирање го задржуваат правото на следење и спроведување на условите и критериумите кај корисниците на лиценца во секое време од моментот на издавање на лиценцата.

Клубот, корисник на лиценцата се стекнува со право да се пријави за учество во УЕФА клубските натпреварувања за следната сезона.

Одделение за лиценцирање

logo_FK_MAKEDONIJA_G renova_amblemGrabotnicki_kometalG

Комисијата за лиценцирање при Фудбалската Федерација на Македонија во состав:
- Страхил Пеливанов - Претседател;
- Ѓорѓи Чучук - Заменик претседател
- Благоја Јаневски - член;
- Огнен Лазаров - член;
- Ремзи Бејта - член;
- Иван Миралаев- член;
- Чедомир Патрунов - член


на состанокот на ден 05.05.2009 година како продолжение на седницата од 23.04.2009 година врз основа на доставената документација и извршениот увид на истата со целосна анализа, утврди дека клубовите ги исполнуваат во целост бараните критериуми и услови согласно Правилникот за лиценцирање на фудбалски клубови за натпреварувања во организација на УЕФА верзија 2.0.

Согласно тоа, Комисијата за лиценцирање при ФФМ одлучи да им додели лиценца за учество во натпреварувањата организирани од УЕФА за сезона 2009/2010 на:

ФК ‘‘ Работнички‘‘ - СКопје;
ФК ‘‘Македонија ЃП‘‘ - Скопје
ФК ‘‘ Ренова‘‘ - с.Џепчиште, Тетово

Одделение за лиценцирање

skendija_copyФудбалскиот клуб Шкендија од Тетово како полуфиналист во Купот на Македонија на 11.03.2009 година се пријави во постапката за вонредно лиценцирање односно издавање на посебна дозвола од страна на УЕФА за учество во едно од натпреварувањата на УЕФА за сезаона 2009/2010.

Согласно членовите 38-41 од Правилникот за лиценцирање во вакви случаеви постапката е следна:

‘‘За клуб кој врз основа на спортските резултати може да се квалификува за УЕФА клубските натпреварувања, а не поминал низ постапката за лиценцирање пропишана во Правилникот за лиценцирање (победник или финалист во Купот на Македонија), од причини што тој не припаѓа на лига која е предмет на лиценцирање, ФФМ може да побара од УЕФА вонредна примена на системот за лиценцирање.
УЕФА ги одредува минимум критериумите за вонредна процедура и за тоа го известува ФФМ.
Во случајот од став 1 од овој член, поради внимателност да не се пропуштат роковите, ФФМ ќе ја најави можноста за вонредно барање до надлежните органи на УЕФА најдоцна до 15 април во тековната година.

УЕФА може да ги зголеми минимум критериумите земајќи ги во предвид барањата од Правилникот за лиценцирање на ФФМ како и статусот на засегнатиот клуб.
ФФМ е одговорен да ги достави одредените критериуми од УЕФА до барателите на лиценца.

Барателот на лиценца мора да ја достави до Одделението за лиценцирање целокупната потребна документација со која докажува дека ги исполнил бараните минимум критериуми.
Давателот на лиценца ќе провери дали барателот на лиценца ги исполнува утврдените минимум критериуми и во утврдениот краен рок, ќе ја проследи до одделот за лиценцирање на УЕФА, следната документација преведена на еден од нејзините официјални јазици:
- Писмено барање за кандидатура за специјална дозвола за влез во соодветното УЕФА клубско натпреварување;
- Препорака од давателот на лиценца врз основа на неговата извршена процена;
- Сите документирани докази кои што ги доставил барателот на
лиценца;
- Целокупната дополнителна документација која што ја побарала УЕФА
во текот на вонредната постапка.

Доколку клубот е спортски елиминиран за време на вонредната постапка за лиценцирање, ФФМ веднаш ја информира администрацијата на УЕФА која треба да одлучи дали постапката завршува веднаш и без одлука. Вака започната процедура не може повторно да продолжи онаму каде што застанала.‘‘

Одделение за лиценцирање

Повеќе Артикли...

Страница 1 од 2

Почеток
Пред
1
prva_i_vtora_malo_copy
Документи за лиценцирање
на клубовите од 1 и 2 МФЛ
Site Meter