Macedonian English French German Italian Russian Spanish

Акцент на безбедното одигрување на натпреварите

prvaliga-ffm-logo_copyВо х. Стоун Бриџ се одржа редовната средба на претставниците на второлигашките и првалигашките екипи со раководството на ФФМ а во пресрет на новата сезона.

На состанокот со кој раководеше претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески најмогу се разговараше за безбедното одвивање на натпреварите при што беа разгледани и законските новитети. На состанокот присуствуваа и претставници на МВР. Констатирано е уште еднаш дека клубовите како организатори на натпреварите се носители на безбедноста и во соработка со МВР и ФФМ се одредува дали натпреварот е од зголемен ризик за што е потребна правовремена информација за патување на навивачки групи на натпреварите на своите екипи.

На состанокот беше направена и анализа на судењето,а се разговараше и за лиценцирањето на клубовите кои очекуваат настап во европските купови и за проблемот со Градскиот стадион како единствен засега на кој се играат репрезентативни и меѓународни екипи. Клубовите и раководството на ФФМ заклучија дека во разговори и соработка со ЈП кое стопанисува со Градски да се превземат сите мерки за непречено одигрување на меѓународни натпревари и покрај изведувањето на градежните работи.

Во оваа прилика ФФМ на сите прволигашки и второлигашки екипи им поддели по 10 топки од марката Пума со највисок квалитет за одигрување на првенствени натпревари и по една торбица за клубскиот лекар.

Здружение на прволигаши

Нова средба в четврток

stone

Претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески за в четврток закажа редовна средба со претставниците на прволигашките и второлигашките екипи.
Средбата ќе се одржи в четврток (28.02) во х. Стоун Бриџ и тоа во 11ч. со клубовите од Втората МФЛ и во 13.15ч. со клубовите од Првата МФЛ.
На средбата ќе се разговара за стартот на пролетната фудбалска сезона во Македонија.

Здружение на прволигаши

Пријавувањето за лиценцирање пократко за месец дена

logo-placeholderНа денешната средба на раководството на ФФМ со претставниците на клубовите од Првата МФЛ најмногу се разговараше за лиценцирањето на клубовите заинтересирани за настап на европската фудбалска сцена во сезоната 2008/2009. Првиот човек на Лиценцната комисија, Слободан Несторовски информираше дека подигањето на документацијата и пријавувањето за лиценцирање е поместено од 15.Јануари до 15.Декември 2007г. и за новите, дополнителни критериуми што ги пропишува УЕФА за настап во следното издание на еврокуповите. Претседателот на ФФМ побара од клубовите да превземат активности за навремено завршување на сите обврски за да се избегне последниот момент за лиценцирање како што тоа се случи минатата година.

Во анализата на изминатите 11 првенствени коло претставниците на клубовите изразија позитивни оценки за организацијата на натпреварите и делењето на правдата од страна на судиите со барање до комесарите и судиската организација да се продолжи со работата за зголемување на безбедноста на службените лица и актерите, но и за поквалитетно судење.

На средбата се разговараше и за навивачките групи и нивното организирано патување на натпревари и беше заклучено да се побара начин за навремено пријавување за нивното присуство на натпревари за да домашните екипи правовремено обезбедат соодветно обезбедување и ги ја известат полицијата.

На состанокот беше разгледана и понудата на Алсат ТВ за директни преноси од натпреварите од Првата МФЛ за што клубовите во најкраток можен рок ќе треба да се изјазнат дали ги прифаќаат понудените услови.

Здружение на прволигаши

Редовна средба вo х.Александар Палас

prva_liga_mkdПретседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески в петок ќе одржи редовна средба со претседателите на клубовите од Првата МФЛ. Состанокот ќе се одржи во х. Александар Палас со почеток во 12ч. На состанокот ќе се анализира првиот дел од првенството и ќе се разговара отворено за сите фудбалски активности во изминатиот период од почетокот на првенството.

Здружение на прволигаши

В четврток редовна средба

hari

Претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески за в четврток 26. Април закажа редовна средба со одборот на прволигашите на која ќе се анализираат последните неколку кола од шампионатот.
Средбата ќе се одржи во х. Стоун Бриџ со поч. во 13.30ч. Претходно во 12ч. раководството на ФФМ ќе се сретне со претставниците на второлигашките тимови.

Здружение на прволигаши

Site Meter