Macedonian English French German Italian Russian Spanish

Добрата серија да се потврди против романците

trickovsist

Македонската фудбалска репрезентација во базата во Австрија поминува пријатни моменти по убедливата победа против селекцијата на Азербејџан од 3-1, но без многу опуштање се подготвува за претстојниот пријателски дуел со нашиот голем должник , селекцијата на Романија која во сите 4 настапи досега не порази.

Селекторот Јонуз најави дека на следната средба на 2.Јуни во Вилах шанса ќе им даде и на останатите репрезентативци кои не беа во комбинација за првата средба. Сепак играч кој блесна на првата средба со Азербејџан со својот прв репрезентативен погодок е Иван Тричковски кој треба да го засили нападот во следниот квалификациски циклус:

- Нема ништо подобро кога на дебитантскиот настап за својата репрезентација ќе одиграш добро и постигнеш гол, и на крај ќе прославиш победа. Пресреќен сум што на ваков начин му се одолжив на селекторот Јонуз за довербата. Се надевам дека ги исполнив задачите што ми беа зададени на овој натпревар на кој одигравме квалитетно и според договорот. Ќе дадам се од себе и на следните натпревари и ќе постигнам уште многу голови во националниот дрес со што ќе придонесам Македонија да продолжи со успешната серија на резултати.

- Атмосферата тука во Австрија и во тимот е одлична. Соиграчите, иако повеќето се со многу поголемо искуство одлично ме прифатија и со нивните совети и подршка многу ми помогнаа во брзата адаптација во репрезентацијата што ми даде дополнителен мотив да ги потврдам моите квалитети на теренот и за тоа сум им многу благодарен- изјави Тричкоски за сајтот на ФФМ.

Националниот тим денеска, понеделник ќе тренира двапати. Попладневниот тренинг е во 18.30ч.

Репрезентација

Site Meter