Со проверени сили против црногорците

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз денеска го соопшти списокот на играчи за претстојниот пријателски натпревар со селекцијата на Црна Гора што ќе се одигра на 03.Март на Националната арена Филип Втори со поч. во 14.30ч.
Jонуз:Добра прилика на нашата репрезентација да пред публиката во Скопје, одигра еден добар контролен натпревар со противник кој што има добри квалитети. За нас овој натпревар значи нов предизвик и инспирација но и прилика да тимот уште подобро го воиграме а и да се реваншираме за поразот во Подгорица. На списокот се играчи кои во изминатиов период добиле шанса и заслужуваат да бидат повикани, единствено ново име е играчот на ФК Рад од Белград 25-годишниот Александар Тодоровски кој што игра на десна бочна позиција.
Очекувам дека во текот на ова недела и по одигрувањето на викенд колото во сите наши играчи ќе бидат здрави ио спремни за натпревар. Собирот е во понеделник во 10.00 часот во Хотел Александар Палас а до натпреварот ќе одработиме 2 тренинга. Во текот на неделава ќе објавиме на кои терени ќе се одржат бидејќи сакаме да го сочуваме теренот на Арена Филип ИИ во одлична состојба за самиот натпревар.
Исто така сакам да напоменам дека во ова фаза повеќето од фудбалерите се наоѓаат на отпочнување на втор дел на првенството така да овој натпревар за нас а верувам и за гостите ќе биде прилика да видиме во која форма се фудбалерите. Секогаш е предизвик да се игра против репрезентација која доаѓа од бившите ју-простори а посебно кога во своите редови имаат играчи како Вучиниќ, Вукчевиќ, Бошковиќ, тоа ќе биде дополнителен мотив да прикажеме убава игра и оствариме нова победа.
СПИСОК НА ИГРАЧИ
За пријателски натпревар
Македонија - Црна Гора
Скопје 03.03.2010
|
Бр. |
Презиме |
Име |
Клуб |
|
1. |
Пачовски |
Томе |
Жерминал Бершот / Белгија |
|
2. |
Нурединовски |
Един |
Етникос Акнас / Кипар |
|
3. |
Седлоски |
Гоце |
Матерсбург / Австрија |
|
4. |
Митрески |
Игор |
ЦСКА Софија / Бугарија |
|
5. |
Лазаревски |
Владе |
Ријека / Хрватска |
|
6. |
Новески |
Николче |
Мајнц 05 / Германија |
|
7. |
Грнчаров |
Бобан |
АПОЕЛ / Кипар |
|
8. |
Алими |
Арменд |
Истра - Пула / Хрватска |
|
9. |
Шумуликоски |
Величе |
Престон Норт Енд / Англија |
|
10. |
Деспотовски |
Филип |
Ворскла / Украина |
|
11 |
Попов |
Горан |
Херенвен / Холандија |
|
12. |
Тодоровски |
Александар |
Рад / Србија |
|
13. |
Георгиевски |
Славчо |
Етникос Акнас / Кипар |
|
14. |
Пандев |
Горан |
Интер / Италија |
|
15. |
Наумоски |
Илчо |
Матерсбург / Австрија |
|
16. |
Стојков |
Ацо |
Арау / Швајцарија |
|
17. |
Ибраими |
Бесарт |
Шалке 04 / Германија |
|
18. |
Савиќ |
Душан |
Брашов / Романија |
| < Пред | Следно > |
|---|
Репрезентација