Квалификации за ЕП : Македонија против „старите“ ривали
Денеска точно напладне во Варшава беа извлечени квалификациските групи за ЕП 2012г.
Македонија се најде во Б-групата:
Б-ГРУПА
Русија
Словачка
Р.Ирска
МАКЕДОНИЈА
Ерменија
Андора
Европските селекции се подделени во 9 групи од кои првопласираните и најдобропласираната втора селекција ќе патуваат директно во Полска и Украина. Останатите 8 второпласирани ќе играат бараж за уште 4 места.
Земјите домаќини ќе настапат директно.
Македонската делегација во Варшава ја претставуваат претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески, селекторот Мирсад Јонуз и ген. секретар Игор Климпер.
Селекторот Јонуз е задоволен од составот на групата:
- Друго се очекувањата, денеска добивме тешка група но и група која може да ги задоволи нашите критериуми за пласман чекор напред со освојување на некои од првите две места. Противниците се солидни, квалитетни
и вистински предизвик за нас, но и противници со кои можеме да ги постигнеме посакуваните резултати. Реално аутсајдер е Андора, додека сите останати селекции, вклучувајќи не и нас можат да се најдат на првите три места на табелата. Русија е секако фаворит број еден и „ранетиот лав во групата" по елиминацијата од настапот на СП во Ј Африка, но тоа значи и противник кој може да се изненади. Останатите противници не би ги анализирал посебно. Со некои од нив во блиско минато игравме и подобро ги познаваме, против Ирска и Словачка исто имаме настапи но од поодамна. Работите сега се променети , наше е да се мобилизираме правовремено, да ги подготвиме играчите за успешни игри, да стекнат уште поголема доверба во своите можности .
Ќе се подготвуваме за секој натпревар посебно. Во целост задоволен сум од противниците ако се знае дека извлекувањето беше полудиригирано . На прв поглед можеби има и полесни но сигурно и потешки групи. Останувам на ставот дека имаме квалитет, имаме потенцијал и се ќе зависи од нашата форма, подготвеноста на играчите, нивните стандардни игри во тимовите и се разбира подршката од јавноста и нашите фанови.
- Група во која имаме реални шанси да се надигруваме и да освоиме едно од првите две места во групата. Нема финансиски ефект како што посакувавме , но мислам дека добивме група која реално ни дава шанси да го направиме најголемиот успех досега.
Одлична организација на настанот во Варшава .
Посакувам нашите репрезентативци да бидат во натпреварувачки ритам. Веќе имаат големо искуство и да го искористат тоа за добар резултат.
Вака гледајќи ја групата задоволен сум бидејќи резултатот ни е во прв план. Верувам дека оваа генерација генерација фудбалери ќе го даде максимумот и сите заедно со подршка на целокупната јавност ќе ја оствариме целта.
Во продожение ќе следува договор за распоредот на одигрувањето на квалификациските средби. Знаејќи ја состојбата со Националната арена Филип Втори кој е во состојба на градба и без осветление ќе се обидеме да договориме во првите термини да гостуваме и да обезбедиме доволно време за доградба на арената за да може натпреварите како домаќини да ги играме пред нашата публика. Се надевам дека сите структури ќе го дадат максимумот и Националната арена во целост ќе ја подготвиме и благовремено за стартот на квалификацискиот циклус изјави веднаш по извлекувањето претседателот на ФФМ , Хари Хаџи-Ристески.
Распоредот на натпреварите ќе биде договорен на 18 февруари во Москва
| < Пред | Следно > |
|---|
Репрезентација